
Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Тик Так и Зорка
Петок, 16 Јуни
•
Season 5
•
Episode 60
Во денешното издание на Тик Так и Зорка, ви ја претставивме Ива Позитива, со чија енергија Тик Так ќе се труди да ве засмејува секое утро во следните 2 недели, додека Зорка е во лов на богатството од нејзиниот прадедо на Малдивите. Што е новото романтично, а што манијакално? И кога е вистинското време да се пензионирате? Се што пропуштивте, сумирано во 30 минути.