
Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Тик Так и Зорка
Петок, 22 Јануари
•
Тик Так и Зорка
•
Season 3
•
Episode 3
Зборуваме за попис- попис во фрижидер, па ги попишавме роднините и пријателите, а раскажавме и неколку мотивирачки стории како за Петок. Зборувавме за убавината на рускиот јазик и искуствата на Тик Так во Русија. Новото "земи си маж министер" е земи си маж рудар. Дали сте ноќна или дневна птица и дали спиете со пижами или голи? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.