
Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Тик Так и Зорка
Вторник, 14 септември
•
Тик Так и Зорка
•
Season 4
•
Episode 25
Тик Так и Зорка денес ве прашаа што би донеле на забава, а да почнува на првата буква од Вашето име. Што значи цакум-пакум? Кое е образложението на бабите кои ти поставуваат незгодни прашања пред останатите членови на семејството или нејзините пријателки? Организираме натпревар на тема ајвар. Деталите за конкурсот ќе ги објавиме наскоро- но што е потребно за да учествуваш? Што пропушти утринава сумирано во 30 минути.