Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Тик Так и Зорка
Понеделник, 23 Март
Use Left/Right to seek, Home/End to jump to start or end. Hold shift to jump forward or backward.
Ова утро Тик Так и Зорка ве прошетаа низ време и мисли, од првиот лифт во светот и во Скопје, преку приказната за Ристиќевата палата и колку би вредела денес, па сè до реалноста со цените и недостатокот на бензин. Зборувавме и за тоа како мозокот може да се „наштелува“ да бара позитивни нешта во животот, но и си признавме кои ни се guilty pleasures – оние мали задоволства без кои не можеме. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.