
Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Тик Так и Зорка
Вторник, 20 Мај
Тик Так има генијална идеја како да ја провери пристрасноста на полицијата. Џокерот во рака се два телефонски броја.
Колективната казна, оставштина од социјализмот, се уште е најрпименувам метод во модерна Македонија. Како тоа функционира преку практични примери елаборираме во денешното шоу.
Ги дисциплинираме возачите на скапи коли кои не сакаат да платат за паркинг или да зборуваат на блутут, и се разбира, еден куп родендени меѓу кои и дебитантскиот прв фонојеб на Зорка.
Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.