
Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Тик Так и Зорка
Четврток, 21 Мај
Денеска бараме логика во чекорите кои надлежните ги прават за да се справат со короната во текот на претстојниот викенд. . Баравме добри 8 минути и не најдовме.
Клинички центар конечно доби нов паркинг и тоа МАШАЛА паркинг, муабет низ град е дека Формула 1 сака да прави трка.
Бидејќи сме експертска нација, имам совети од Кумановци како да го решиме паркингот во Скопје на доста креативен начин, плус пренесуваме едно мнооогу битно соопштение од ФК Македонија од Враништа.
И се разбира, со оглед на тоа дека е четврток, го имаме и Кекел со битолцизмите.
Се она што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.