
Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Тик Так и Зорка
Петок, 22 Мај
Покрај тоа што се занимаваме со полицискиот час, анализираме до каде е отидена приватноста и колку се нарушени семејните односи преку еден Дански пример за свекрва и снаа. Ако вчера ПР на денот беше паркингот на клинички, денес наградата за ПР на денот оди за Корзото во Ѓорче!
Како сол на рана, овај, бонус, ги анализираме највисоките плати во Македонија и, како и угостителите, и ние образложуваме зошто би требало да имаме бенефициран работен стаж.
Се она што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.