
Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Тик Так и Зорка
Петок, 12 Јуни
Со нетрпение дочекавме последен работен ден од оваа работна недела. Тик Так се присетува на вчерашното невреме, Козле најпогодено, Зорка не ја покрила колата и се интересира дали може да протестира, доколку и се случи оштета, а не се осигурала.
Теленовелата со родилката што испозарази 2 клиники продолжува. Дискутираме што е дефиниција за "угледна фамилија". Конечно проработе страната на купувај домашно, а Тик Так со идеа како да си го потполниш слободното време. Му честитавме роденден на Чекале, т.е. Чокале, и договараме пренос на банани од Кулумбија. А роденден и е и на Лилјана и на Изабела, се обидовме да договориме инфлуенсерска соработка- но безуспешно.
Се што пропшти утринава, сумирано во 30 минути.