
Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Тик Так и Зорка
Понеделник, 15 Јуни
Го сумираме викендот, податоците од короната опасни, но не се повеќе ударни вести.
Се сложивме дека некој работи се изместени од нормалата. Веќе не сме на чисто кој има и што има. И додека комшиите можат да транзитираат само 5 часа низ Македонија, ние не смееме ни да помислиме патување без да испланираме по 14 дена карантин на секоја страна
Нова кампања по повод изборите- ФАТИ ГО СЕНДВИЧОТ или ЧИИ СЕНДВИЧ Е ПОВКУСЕН.
Заклучивме дека многу е лесно да сервираш глупости ако се претставиш себеси како ЕКСПЕРТ КОНСУЛТАНТ. Луѓето ќе ти поверуваат што и да кажеш, а тоа го пробува и Тик Так објаснувајќи и на Зорка преку пример за Челзи- мисијата успешна.
Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.