
Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Тик Так и Зорка
Четврток 18 Јуни
По вчерашната анекта, на Тик Так му ја врачуваме докторската титула која му ја изгласаа слушателите. А Тик Так прави паралела меѓу доктор и автомеханичар!
Чекање во ред е навика која никако не можеме да ја стекнеме, па повторно се обидуваме да најдеме некое креативно решени за гужви.
Маркетинг вокабуларот станува се поинтересен. И тоа не само како дел од рекламни кампањи, туку и како дел од секојдневниот живот.
Ние сме шокирање дека во Грција има проституција. А уште повеќе се шокиравме кога разбравме дека согласно протколите, мора да има едно лакто растојание помеѓу давателот и корисникот на услугата.
Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.