
Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Тик Так и Зорка
Среда, 24 јуни
Утринава почнавме со репоража за тепачката од вчера меѓу камионџиите и месното население во Облешево- Чешиново. Деталите од терен ги има Тик Так.
Во Штип вчера течеше мед и млеко, ама нити се виде мед, нити тоа во Брегалница беше млеко. Дали и што превземаа надлежните околу ова уште немаме инфо, а во во Охридско уловена риба Сунчица, многу агресивна аквариумска риба....
Кекел невообичаено во Среда ни се јави да сподели со нас идеа за нов бизнис, а Зорка се обидува да и честита роденден на Слободанка
Се што пропушти утринава сумирано во 30 минути!