
Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Тик Так и Зорка
Четврток, 25 јуни
Чудни закони и уште почудни инспектори. Колку е профитабилно да отвориш ДООЕЛ денес? Комшиите се и благослов и клетва. Ако ти се погодат, супер, ако не ти се погодат, за глава ќе се фатиш какви се закони постојат за решавање на соседски спорови.
Доаѓа сезона на лубеници, а ние анализираме која е поентата да се удираат "чврги" на лубеница при избор. И зошто се сече секогаш капата горе? Експертите се тука за вас.
Хит обувката на 80-те, Боросана, се враќа на голема врата, а ние евоцираме спомени од едно друго време.
Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.