
Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Тик Так и Зорка
Понеделник, 6 јули
•
Тик Так и Зорка
•
Season 1
•
Episode 44
Понеделнички дискутираме за викендот, за времето, за состојбата со Македонскиот туризам и проверуваме колку Зорка ги знае кафанските песни кои толку многу наводно и фалат.
Тик Так се надоврза на викенд случката со Капрезе салатата па се разви дебата околу класификација на објектите.
Од денес, за секој лајк делиме и награда, а за да дознаеш како до награда мора да слушаш.
Плус, имаме и неколку родендени.
Се она што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.