
Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Тик Так и Зорка
Петок, 10 Јули
Скопјанец нападнал сопруга со секира, а него го нашле мртов. Внимателно што правите со секири!
Ги поддржуваме докторите во нивниот обид да бидат ослободени од предизборни обрвски. Местото на докторите е во болниците.
Тик Так е директен сведок на оговарачки мубает за него па пренесува искуства и чувства на таа тема, а Зорка упорно лепи фотки на Инстаграм.
Туристичките агенции сакаат да бидат посредници во акцијата „Дома си е дома“ и на таа тема дискутираме дали воошто ни се потребни како услуга во време кога се може да се букира лично.
Родендените се на тема КЗ член 215/216 и продажба на пирани.
Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.